12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Кривична пријава против градоначалникот на Кичево поради “несовесно работење во службата” и “загрозување на животната средина и природата со отпад”

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, градоначалник на Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата “ и „загрозување на животната средина и природата со отпад “.

Тој, постапувајќи несовесно при извршување на своите законски обврски и невршење должен надзор, од 2020 година, работел спротивно на одредбите од Законот за управување со отпад и Законот за заштита на животната средина, дозволил да биде формирана дива депонија на повеќе илјади квадратни метри во населена зона во Кичево, за која давал задолженија на вработени секојдневно да складираат, оставаат или расфрлаат отпадни материи, односно со нив да постапуваат на начин со кој се менува квалитетот на воздухот, почвата, водата или водотекот, во мера што може да ги влоши условите за живот на луѓето или животните и растенијата со што, го загрозил нивниот опстанок.

Можеби ќе ве интересира

Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

ДЕСК

СДСМ: Власта продолжува да се луксузира, 31.000 евра за кафе и алкохол набавува Министерство за одбрана

ДЕСК

Сиљановска-Давкова ќе ги отвори 64. Струшки вечери на поезијата

ДЕСК