Centar.mk
ЛОКАЛНО

Градоначалникот на општина Илинден изврши увид во градежните работи на новиот урбан парк – плоштад

Општина Илинден постојано работи на уредување и урбанизација на јавниот простор низ сите населени места, создавајќи современи и пријатни зони каде граѓаните можат квалитетно да го поминуваат своето слободно време. Во таа насока, во тек е изградбата на нов урбан парк со повеќе содржини во Марино.

Паркот ќе биде сместен помеѓу улиците „531“, „532“ и „534“, на површина од приближно 5.600 м². Проектот предвидува комплетно партерно уредување, инсталација на улично осветлување, поставување на чешми, клупи, корпи за отпадоци, паркинг простор, пешачки патеки и сервисна улица. Просторот ќе содржи зелени површини, отворен плоштад за јавни настани, фонтана во централниот дел, жардињери со декоративни растенија и детско игралиште опремено со реквизити за најмладите.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните работи и нагласи дека уредувањето на јавниот простор и неговата урбанизација се клучни за обезбедување на квалитетна средина за одмор и рекреација на жителите.

Со овој проект, Општина Илинден продолжува со динамичниот процес на модернизација и уредување на јавните простори низ целата територија на општината.

Можеби ќе ве интересира

Перински: Воспоставена база на експерти за стручна поддршка на општините, повикот повторно отворен за аплицирање

ДЕСК

Градоначалникот на Гостивар, Лимани го промовираше асфалтирањето на патот во Долна Бањица

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК