19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Креативна детска авантура вечерва во Капиштец, уште едно издание на „На одмор сум, во Центар сум“!

Општина Центар ги кани сите мали и големи жители на заедничко дружење и незаборавна авантура на отворено, денеска, 29 јули (вторник), од 19 до 20:30 часот, во паркот во населбата Капиштец, кадешто ќе се одржи уште едно издание на манифестацијата „На одмор сум, во Центар сум“.

Настанот, кој се организира во соработка со издавачката куќа „Паблишер“, е наменет за деца од 2 до 8 години, но отворен за сите генерации. Целта е да се создаде инспиративен, безбеден и исполнет простор за дружење, игра и учење под отворено небо, во срцето на урбаниот Центар.

Во паркот во Капиштец децата ќе можат да учествуваат во креативни работилници, интерактивни игри, да бојадисуваат, да цртаат, да бараат изгубено богатство, да слушаат сликовници и да освојуваат награди. Гостуваат ликовите Стела и Сани, пантомимичарот и актер Мартин Јорданов од Театарот за деца и младинци кој ќе го води детскиот дел со многу смеа и енергија.

„Во Центар веруваме дека секое дете заслужува квалитетно слободно време, исполнето со креативност, смеа и љубопитност. Преку вакви настани, градиме заедница која вложува во среќно детство и во човечки вредности. Дојдете вечерва во паркот во Капиштец”, вели градоначалникот Горан Герасимовски.

Настанот е дел од програмата на Општина Центар за 2025 година.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски тврди дека очите на Мицкоски веќе се свртени кон вонредни парламентарни избори

ДЕСК

НОВИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО: Утре невреме, од среда до петок пеколни температури, а викендот голема промена и значителен пад на температурите

ДЕСК

Смачкан автомобил по директен судир со камион – Нова страотна сообраќајка на југозападот од Македонија

ДЕСК