Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во повеќе градови почнува бесплатен скрининг за детектирање болести на црниот дроб

Министерството за здравство, заедно со „Хепар центар“ – Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и инфективни болести, по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот почнуваат заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и за ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.

По тој повод, денеска, од 10 до 13 часот, ќе биде поставена мобилна единица на плоштадот Македонија во Скопје, од каде што почнува бесплатниот и анонимен скрининг за навремено детектирање болести на црниот дроб.

Националната кампања ќе се реализира во 10 града во државата.

Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црниот дроб.

СПИСОК НА ГРАДОВИ ВО КОИ ЌЕ СЕ ВРШИ БЕСПЛАТЕН СКРИНИНГ
28 јули | Скопје: 10 – 13 /Куманово: 18 – 20.30
30 јули | Тетово: 10 – 12.30 /Гостивар: 18- 20.30
1 август | Струга: 10 – 12.30 /Охрид: 18- 20.30
4 август | Битола: 10 – 12.30 /Прилеп: 18- 20.30
6 август | Штип: 10 – 12.30 /Гевгелија: 18 – 20.30/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка кај Гарани – има загинат

ДЕСК

Му се заканувале на пратеник преку апликација на социјална мрежа – полицијата напиша кривични

ДЕСК

СДСМ: На Скопје не му требаат рециклираните споменици од времето на режимот

ДЕСК