Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешниот настан по повод свечено пуштање во употреба на базен од затворен тип кој се наоѓа во состав на ООУ „Невена Георгиева- Дуња“ во Општина Кисела Вода, одговарајќи на новинарско прашање во врска со стоковите резерви, изјави дека на владина седница е донесена одлука да бидат откупени околу 9.000 тони пченица и околу 2.400 тони ориз и оризова арпа од реколтата 2024.
„Во првиот случај кај пченицата можеби ќе го погрешам бројките, но има право секој индивидуален производител да конкурира со количина од 5 до 30 тона, а кај оризот и оризовата арпа 3 до 20 или 30 тона така нешто беше се сеќавам. Ова за првпат се прави посебно за оризот и мислам дека во многу нешта ќе ги олесни предизвиците на оризопроизводителите, но и оние коишто одгледуваат пченица, така што, ова за првпат како Влада го направивме со измени во законот, стана стратешка култура оризот и на тој начин сега и стоковите резерви ќе имаат ориз.“/Извор:Makfax
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...