Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

НИ ВЕЧЕРВА НЕ СТИВНУВААТ ПОЖАРИТЕ, ГОРИ НА 15 ЛОКАЦИИ – 11 се активни пожари, 4 се под контрола

Состојба со пожарите во Р.С. Македонија 28.07.2025, до 21:00 часот според ЦУК

Вкупно пожари на отворен простор: 26
Активни: 11
Под контрола: 4
Изгаснати: 11

АКТИВНИ: 11
1. Општина Василево, Радовиш и Берово: с. Нивичино – планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Прилеп: с. Бешиште, Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (Опш. Новаци) и крак кон граница со Р. Грција – не се интервенира поради детонации (мешана шума)
3. Општина Прилеп и Кавадарци: помеѓу с. Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Прилеп), и Галиште и Трстеник (Кавадарци) (мешана шума и ниска вегетација)
4. Општина Македонски Брод: с. Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
5. Општина Желино: с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)
6. Општина Крива Паланка: с. Нерав (висока борова шума)
7. Општина Македонска Каменица: с. Ќосевица (борова шума)
8. Општина Илинден: помеѓу Мршевци и Бучинци (стрниште)
9. Општина Чашка: с. Ореше (ниска вегетација и букова шума)
10. Општина Ресен: с. Долно Перово (евлови дрва, врби, трска и сува трева)
11. Општина Кичево: с. Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума)

ПОД КОНТРОЛА: 4
1. Општина Македонски Брод: с. Грешница (мешана шума и сува трева)
2. Општина Штип: помеѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева)
3. Општина Карбинци: с. Јунузлија (шума)
4. Општина Петровец: Катланово – с. Чифлик (ниска вегетација, грмушки и дабова шума)

Можеби ќе ве интересира

Отежнато гасењето на пожарот во беровско – Вечерва координативниот состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Берово

ДЕСК

КОНЕЧНО ЌЕ ЗДИВНЕМЕ ОД ПЕКОЛНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ, ДОАЃА ПОВЕЌЕДНЕВНО ЗАЛАДУВАЊЕ СО ОСВЕЖУВАЊЕ ОД ДОЖД – Метеоцентар со неколкудневна детална прогноза

ДЕСК

Тешка сообраќајка кај Гарани – има загинат

ДЕСК