Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка кај Гарани – има загинат

На 27.07.2025 во Полициската станица Кичево било пријавено дека околу 08.15 часот на регионалниот пат Кичево-с.Осломеј, кај с.Гарани, кичевско, патничко возило „волво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(74) од с.Црвивци, кичевско, излетало надвор од патот.

Од здобиените повреди возачот С.С. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

СЕМЕЕН ИНЦИДЕНТ ВО ОХРИД – Полицијата постапува по пријава од 19-годишна девојка

ДЕСК

ПРОВАЛИЛ ВО КУЌА ВО КРИВА ПАЛАНКА – Полицијата го пронашла, го признал делото

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ И ЈА ПРИНУДУВАЛ ДА НОСИ ПАРИ ДОМА – Приведен 40-годишник во Тетово

ДЕСК