19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Мерц: Со договорот со САД успеавме да спречиме трговски конфликт

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и ирскиот премиер Мајкл Мартин го поздравија договорот за царини меѓу ЕУ и САД велејќи дека е избегната трговска војна што ќе ги погодеше економиите на двете земји, објавија светските агенции.

Договорот беше постигнат за време на вчерашниот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и значи царини од 15 проценти за речиси целиот европски извоз во САД.

Ирска, со голема фармацевтска индустрија, беше на првата линија на нападот заедно со Германија, за која САД се главен пазар за автомобили, челик и машински алати.

Европските земји не се сите еднакво изложени на американскиот пазар и затоа не би ги претрпеле истите последици доколку претседателот Доналд Трамп ги исполни своите закани за воведување царини од 30 проценти на Европската Унија (ЕУ).

„Со договорот успеавме да спречиме трговски конфликт што силно ќе ја погодеше извозно ориентираната германска економија“, рече Мерц.

Ова особено се однесува на автомобилската индустрија, каде што сегашните царини од 27,5 % се речиси преполовени, додаде тој, како што објави германската новинска агенција ДПА.

Мерц нагласи дека е добро што се избегнува непотребна ескалација во трансатлантските трговски односи.

„Единството на Европската Унија и напорната работа на преговарачите се исплатија“, тврди тој./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

„ Измени и дополнувања на Законот за енергетска ефикасност: Пониски сметки, почист воздух, тројно зголемена заштеда и задолжителни соларни системи во јавните згради“

ДЕСК

Поевтини се, многу вкусни, не мора да ги враќате стаклените шишиња во продавница – Широк спектар на увозни пива ги освојува срцата на Македонците ова лето

ДЕСК

Зошто увозните пива доминираат на македонските маркети? – Многумина сметаат дека се повкусни и поевтини

ДЕСК