Centar.mk
фото Влада
СВЕТ

Орбан: Трамп ја изеде Фон дер Лајен за појадок

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, коментирајќи го трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, живописно оцени дека тоа не е договор, туку дека американскиот претседател Доналд Трамп „ја изел претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за појадок“, објави унгарската новинска агенција МТИ.

Орбан во онлајн емисија наречена „Борбен час“ изјави дека однапред го очекувал овој исход, со оглед на тоа што американскиот претседател е „тешкаш“ за разлика од претседателката на Европската комисија, која е „лесна“.

„Позицијата на американскиот претседател беше многу постабилна, додека позицијата на претседателката на Комисијата отсекогаш беше покревка“, додаде тој.

САД неодамна склучија сличен договор со Обединетото Кралство, кој е „многу подобар од овој“, смета Орбан. Тој додаде дека европскиот договор тешко дека ќе може да се претстави како успех./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американец почина од хантавирус: „Изворот на инфекцијата сè уште се истражува“

C +

Нов Зеланд отпушта 14 проценти од вработените во јавниот сектор поради штедење

C +

Иран објави што сака од САД: укинување на санкциите, крај на блокадата и компензација

C +