Centar.mk
ЛОКАЛНО

Изменет сообраќаен режим заради испитување на статиката на надвозникот “Влајко”

Во насока на зголемување на општата безбедност, Општина Карпош ја информира јавноста дека утре, вторник (29.07.2025) година со почеток во 07:30 часот ќе започнат работните активности за статичко испитување на надземниот премин „Влајко“ (во населбата Влае). Поради изведување на стручните мерења, ги известуваме сите граѓани дека ќе биде воведена времена измена на сообраќајниот режим, која ќе се реализира во две фази, информира Општина Карпош.

Имено, во првата фаза се предвидува затворање на дел од сообраќајницата, односно булеварот „Партизански одреди“, по принципот лента по лента, во насока исток – запад, поточно во правец кон населбата Ѓорче Петров. По завршување на првата фаза, ќе следи затворање на сообраќајот во насока запад – исток, (кон Центар), исто така по принципот лента по лента.

Во оваа пригода локалната самоуправа посочува дека во текот на изведување на работите, сообраќајот на тој потег ќе се одвива непречено, согласно сообраќајната сигнализација и опремата која ќе биде времено поставената, на која ќе биде означено прописно ограничување на брзината на движење од 30 km/h. Се предвидува овие активности да се одвиваат во период од седум работни дена, а по нивното завршување да биде воспоставен првобитниот режим на сообраќај.

Општина Карпош апелира до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат и да се прилагодат кон времениот сообраќаен режим, за што однапред им благодари на разбирањето и соработката, заклучуваат од општината Карпош.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски избран за потпретседател на ЗЕЛС: Очекувам конструктивна меѓуопштинска соработка и подобри проекти за граѓаните

ДЕСК

Герасимовски: Централата на училиштето „Киро Глигоров“ веќе носи пониски сметки, во 2026 нови фотоволтаици на покривите на „Гоце Делчев“ и „Коле Неделковски“

ДЕСК

орѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка во Република Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ

ДЕСК