Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Триесет и три пожари за едно деноноќие – 12 сè уште активни низ земјата

Во текот на изминатото деноноќие (26/27 јули 2025), на територијата на Македонија биле евидентирани вкупно 33 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, 12 пожари сè уште се активни, 5 се ставени под контрола, додека 16 се целосно изгаснати.

Активни пожари (12 локации):
Регионот на Василево, Радовиш и Берово – пожар во с. Нивичино, во подножјето на Голем Готен и Малешевските планини, каде што гори нискостеблеста шума, смрека и ниска вегетација.

Прилеп 1 – пожар околу с. Бешиште се шири кон с. Градешница (Новаци) и дел кон граничната линија со Грција.

Прилеп 2 – активен е крак кон с. Дрен, проширен кон с. Галиште (Кавадарци), додека делот меѓу Царевиќ и Смолани е ставен под контрола.

Македонски Брод – помеѓу Црешево, Локвица и Крапа гори деградирана дабова шума и ниска вегетација.

Желино – пожар меѓу селата Церово и Групчин зафаќа деградирана шума.

Петровец – активен пожар кај селото Средно Коњаре, покрај реката Пчиња.

Зелениково – опожарено е подрачјето околу селото Гумалево.

Крива Паланка – во с. Нерав гори висока борова шума.

Старо Нагоричане / Куманово – во близина на селата Облавце, Бељаковце, Довезенце и Јачинце гори ниска вегетација.

Старо Нагоричане – втор пожар активен кај с. Руѓинце.

Василево 1 – активен пожар во с. Сушево, со горење на грмушки и ниска вегетација.

Василево 2 – слична состојба во с. Добрашинци.

Пожари под контрола (5 локации):
Македонски Брод 1 – во селото Грешница е стабилизиран пожар што зафати мешана шума и сува трева.

Македонски Брод 2 – контролирана е ситуацијата во с. Латово.

Струмица – пожар кај селото Баница и населбата Софилари е ставен под контрола.

Карбинци – стабилизиран е пожарот кај с. Јунузлија.

Штип – во реонот меѓу селата Драгоево и Селце пожарот е под контрола.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК