Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривични пријави и приведувања за уште четири други возачи, фатена и жена под дејство на 1.9 промиљи алкохол

Денеска (27.07.2025) во 03.50 часот во Куманово, полициски службеници лишиле од слобода лице (23) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промили алкохол во крвта.

На 27.07.2025 во 02.40 часот на ул.„Крушевска Република” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода (34) од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „форд” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал приведениот, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,80 промили алкохол во крвта.

На 27.07.2025 во 02.00 часот на ул.„Александар Македонски” во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилепа лишиле од слобода жена (32) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувала Л.А., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,91 промили алкохол во крвта.

На 27.07.2025 во 03.30 часот на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода лице(22) од с.Сирково, општина Росоман, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски таблички под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.56 промили алкохол во крвта.

Тие биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК