Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Делегација на Град Скопје предводена од Градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес

Делегација на Град Скопје предводена од Градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години главниот град го остави во урнатини. Скопје се сеќава на 26 јули 1963 година, ден кој засекогаш го промени ликот на градот, трагедија која одзеде над илјада животи. Никогаш да не се повтори!

Овој ден буди чувство на тага, но секогаш ќе се памети и по човечноста и хуманоста на сите кои помогнаа во најтешките моменти. Во рамки на одбележувањето, вечерва во 20:00 часот во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложбата „Скопје за време на земјотресот и потоа“.

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК