Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Серија апсења во Скопје, Штип, Виница, Радовиш и други делови на Македонија

МВР соопшти дека:

СВР Скопје поднесе кривична пријава против лице(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.03.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и МДМА.

СВР Штип поднесе кривична пријава против лице(55) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“. На 29.06.2025 во Виница, на место викано „Пекљанска крстосница“ на регионалниот пат 1304, пријавениот агресивно се однесувал и упатил закани кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

СВР Штип поднесе кривична пријава против лице(45) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 30.05.2025 во книжарница во Штип, пријавената со употреба на пластичен пиштол и закани одзела пари од дневниот промет.

СВР Штип поднесе кривична пријава против лице(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 22.11.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Кочани, при што е пронајдена и одземена ловечка пушка со калибар 16мм, за која не поседувал дозвола издадена од надлежен орган.

СВР Штип поднесе кривична пријава против лице(41) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. На 14.05.2025 на Граничен премин Табановце, на излез од државата, пријавениот приложил патна исправа со невистинита содржина, односно патната исправа која претходно ја пријавил како изгубена, по што му била издадена нова.

СВР Штип поднесе кривична пријава против лице(36) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 04.12.2024, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „бмв“, управувано од пријавениот, при што на увид приложил фалсификувана белгиска возачка дозвола.

СВР Штип поднесе кривична пријава против лице(25) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 11.01.2024 на автопат кај клучка Кадрифаково, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од пријавениот, при што тој на увид приложил фалсификувана возачка дозвола.

На 24.07.2025 во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода лице(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.07.2025 во 21.00 часот во с.Ѓавато, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиja од слобода З.З.(39) од Република Србија поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Запознаен е jавен обвинител, а лицето e предадено во Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против лице(25) од кичевското село Србица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 06.07.2025 на булеварот „Ослободување“ во Кичево, тој со употреба на физичка сила спречувал полициски службеници во вршење на службено дејствие, по што веднаш бил лишен од слобода.

Денеска (25.07.2025) во 00.40 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле лице(29) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.07.2025 во 16.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 15.00 часот на паркинг простор во с.Долна Матка, скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица и малолетник, сите од с.Горна Матка, скопско и еден малолетник од Скопје, од една страна и друго лице од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО КОЈА СИТЕ ЈА ОЧЕКУВААТ: Од недела значителен пад на температурите и дожд – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Нова трагедија на охридското крајбрежје – пронајдено тело на починат скопјанец

ДЕСК

Африм Гаши излезе од болница

C +