Centar.mk
СВЕТ

Непознат сторител со автомобил влетал во автобуска станица во Израел, повредени седум лица

Непознат сторител со автомобилот влета во автобуска станица во израелскиот град Беит Лид, при што беа повредени седум лица, објави „и24 Њуз“.

Според податоците на итната служба „Маген Давид Адом“ (MDA), две лица се тешко повредени, а пет други се полесно повредени. Сите се однесени во блиските болници за понатамошно лекување.

Возачот избегал од местото на настанот, поради што безбедносните сили започнале потрага. Контролни пунктови се поставени во околните области додека властите трагаат по осомничениот.

Идан Харас, техничар за итна медицинска помош од МДА, ја опиша сцената како хаотична: „Имаше хаос и уништување. Помагавме на двајца млади мажи со умерено крварење и други повреди, и неколку други полесно повредени, кои брзо ги транспортиравме во болница.“/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Санчез: Шпанија нема да ракоплеска на оние што го запалија светот, само затоа што се појавиле со кофа вода

C +

И покрај примирјето, танкерите сè уште чекаат пред Ормускиот теснец

C +

ОАЕ: Излегуваме како победници од војната

C +