Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ким Џонг-ун ја повика својата војска да биде подготвена за „вистинска војна“

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ја повика својата војска да биде подготвена за „вистинска војна“ додека го надгледуваше натпреварот во артилериско гаѓање, објавија државните медиуми во Пјонгјанг. Неговите забелешки доаѓаат во време кога Северна Кореја веќе испрати војници и оружје за да ѝ помогне на Русија во нејзината повеќе од тригодишна офанзива во Украина. Снимките емитувани од државната Корејска централна телевизија покажаа војници од артилерија како испукуваат гранати во морето.

Ким беше забележан како ја гледа вежбата преку двоглед од набљудувачка станица, опкружен со двајца воени претставници. Локацијата на натпреварот, не беше откриена. Според извештајот на Корејската централна новинска агенција, Ким ги повика војниците да бидат подготвени „за вистинска војна“ во „секој момент“ и способни да „го уништат непријателот во секоја битка“.

Јужнокорејските и западните разузнавачки агенции претходно објавија дека Пјонгјанг минатата година испратил повеќе од 10.000 војници во рускиот регион Курск, заедно со артилериски гранати, ракети и ракетни системи со долг дострел. Сеул вели дека околу 600 севернокорејски војници се убиени, а илјадници се ранети во борбите на страната на Русија.

Ким ѝ понуди на Москва целосна поддршка за војната во Украина за време на неодамнешните разговори со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Двете земји, обете под строги меѓународни санкции, минатата година потпишаа воен договор што вклучува клаузула за заемна одбрана, за време на ретката посета на рускиот претседател Владимир Путин на Пјонгјанг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Песков: Средба меѓу Путин и Зеленски пред крајот на август е малку веројатна

C +

Трагедија во Грција: бебе се задави со сувлаки – итно било префрлено во болница, но немало начин да се спаси

C +

Зеленски: Подготвени сме да купиме 10 системи „Патриот“, само треба да најдеме средства

C +