Следниот неработен ден би бил 2-ри август кој се паѓа во сабота, но тука придобивка ќе имаат само приватно-вработените кои работеле во саботи, а не и државната апаратура која одмара во сабота и недела ионака.
Потоа доаѓа 28 август кој важи за православните порадид празникот Успение на Пресвета Богородица.
За сите граѓани на РСМ: 2 август (сабота), Ден на Републиката, 8 септември (понеделник), Ден на независноста, 11 октомври (сабота), Ден на народното востание, 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба, 8 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од православна вероисповед: 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед: 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, 25 декември (четврток), првиот ден на Божик.
За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ: 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ: 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ: 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ: 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик