Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, беше клучна фигура, која вршеше притисок врз својот сопруг, претседателот Доналд Трамп, да се сврти кон поддршка на Украина, тврди Меган Мобс, ќерка на специјалниот пратеник на претседателот за Киев, Кит Келог.
Во интервју за британскиот „Телеграф“ таа рече дека првата дама била тивка сила, која го охрабрила Трамп да ја препознае итноста од заштита на „невините Украинци од нападите на руските сили под водство на Владимир Путин“.
Според неа, Меланија Трамп не е само сопруга на претседателот, туку и еден од неговите најблиски и највлијателни советници.
Мобс истакна дека нивниот однос е отворен и комуникативен и дека советите на Меланија се важни за Трамп.
Неодамнешните потези на Трамп, вклучително и договорот за оружје од 1 милијарда долари за Украина и санкциите против Русија, јасно укажуваат на неговата промена во надворешната политика за која Мобс тврди дека била под влијание на Меланија.
Во еден момент претседателот изјави дека, по разговорот со Путин, оној со неговата сопруга бил клучен.
„Таа рече: ‘Знаете, уште еден град е погоден’“, ги пренесе Мобс зборовите на Трамп забележувајќи дека Меланија не е задоволна од постапките на Путин кон Украина.
Мобс верува дека влијанието на Меланија може да биде одлучувачко, особено ако Трамп успее да обезбеди долгорочен мир во регионот.
Мобс, која живее во Киев под речиси секојдневни напади, верува дека посетата на Меланија на Украина би била значаен сигнал за поддршка.
Таа исто така истакнува дека договорот за снабдување со оружје на Украина е постигнат благодарение на брзите чекори преземени од администрацијата на Трамп.
Според неа, Меланија Трамп се покажа како клучен фактор во промената на надворешнотрговскиот курс на администрацијата на Трамп кон Украина, што вклучува значителна воена и финансиска поддршка за таа земја.
Нејзиното влијание, заедно со стратегиите формирани од специјални пратеници како Келог, може да ги обликуваат исходот од овој конфликт и имиџот на Трамп во историјата, оцени Мобс, пренесува „Танјуг“./Извор:Makfax