Centar.mk
СВЕТ

Израелскиот министер за одбрана најави можна нова воена акција против Иран

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во вторникот изјави дека е можна нова кампања против Иран, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

Неговата изјава следеше по проценката на ситуацијата со неколку врвни израелски воени претставници, вклучувајќи го и началникот на Генералштабот.

Кац нагласи дека Израел мора да ја одржи воздушната супериорност и ја нагласи потребата од формулирање на ефикасен план за зајакнување на своите капацитети за во иднина, со цел да се осигури дека Иран нема да продолжи со развојот на својата нуклеарна програма.

Тој, исто така, потврди дека главната цел на Израелските одбранбени сили во сегашната војна со Хамас е да ги вратат заложниците и да ја поразат палестинската исламистичка организација./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ НИЗ ЕВРОПА ИЗЛЕГУВААТ НА УЛИЦИТЕ – Скапите станови, платите и образованието предизвикуваат незадоволство

ДЕСК

ТРАМП НАЈАВУВА ПОКАНА ЗА ЗЕЛЕНСКИ НА Г20 – Нов дипломатски сигнал во разговорите за Украина

ДЕСК

НОВА ТЕНЗИЈА МЕЃУ САД И ИРАН – Трамп не исклучува дополнителни воени напади

ДЕСК