Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Утре почнуваат нови преговори меѓу Украина и Русија

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија е планирана за среда во Турција, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитирајќи го секретарот на Советот за безбедност на Украина.

„Денес разговарав со Рустем Умеров за подготовките за размена на затвореници и нова средба со руската страна во Турција“, рече Зеленски во видео обраќање доцна во ноќта.

„Умеров извести дека средбата е планирана за среда. Повеќе детали ќе бидат достапни подоцна“, додаде Зеленски.

Умеров, кој сега е секретар на Советот за безбедност на Украина, ги водеше првите две рунди разговори со Русија како министер за одбрана./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американец почина од хантавирус: „Изворот на инфекцијата сè уште се истражува“

C +

Нов Зеланд отпушта 14 проценти од вработените во јавниот сектор поради штедење

C +

Иран објави што сака од САД: укинување на санкциите, крај на блокадата и компензација

C +