15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Стабилизирана состојбата со пожарот во Преспа, но природата претрпе голема штета

Пожарот што го зафати Езерани во Преспа е ставен под контрола, информира Македонското еколошко друштво. Според нив, ноќта била релативно мирна, но значителни се штетите врз живиот свет кој е од исклучително значење за Преспанскиот регион.

„Ситуацијата во Езерани е под контрола, но мора да бидеме внимателни. Пожарот предизвика голема штета врз живиот свет во паркот“, стои во нивната објава.

Оттаму упатуваат апел до граѓаните за зголемена претпазливост, имајќи предвид дека во наредниот период се очекуваат високи температури, што го зголемува ризикот од нови пожари. Тие повикуваат сите да се придржуваат кон мерките за заштита и превенција.

„Да ја чуваме нашата Преспа, нејзината природа и сите живи видови со кои го споделуваме нашиот дом“, порачуваат од Македонското еколошко друштво.

Еколозите изразуваат длабока благодарност до сите кои учествуваа во гаснењето на пожарот. Особена почит им оддаваат на ренџерите од Паркот на природата Езерани при Општина Ресен, како и на екипите од Националните паркови Галичица и Пелистер, Територијалната противпожарна единица од Ресен, ЈП Национални шуми, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, организацијата ЕКО-ФАП и бројните мештани од Езерани, Долно и Горно Перово, Волкодери, Покрвеник, Прељубје, Шурленци, Асамати и други населени места./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

5000 денари еднократна поддршка за пензионерите во Општина Центар

ДЕСК

Филипче: Битола четири години е запустена, време е за промена со Куновски и тимот на СДСМ

ДЕСК

Филипче најави вонредна прес конференција: Денес ги добив најновите економски индикатори – и тие не се само загрижувачки, туку навистина алармантни

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.