Centar.mk
фото илустрација
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на патот Штип – Велес меѓу повеќе возила, едно од нив влечело пинцгауер за гасење пожари, има повредени

На 20.07.2025. во СВР Велес е пријавено дека околу 23.00 часот, на регионалниот пат Штип-Велес се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(66) од Велес, патничко возило „лада“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(31) од село Башино Село, велешко, и патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(31) од Велес, кое влечело возило „пинцгауер“, сопственост на Дирекција за заштита и спасување.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „тојота“ и неговата 64-годишна сопатничка К.И. од Велес, а со телесни повреди се здобил Д.М., констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира

Функционер барал 100.000 евра мито, го фатиле кога требало да добие прва рата од 50.000 евра

ДЕСК

Синоптичарите ја објавија најновата прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК