Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски се сретна со жителите на познатата Железничка колонија каде се чувствува духот на старо Скопје, но и новите бранови на урбан живот.
Жителите отворено говореа за своите проблеми, барања, идеи, а градоначалникот Герасимовски кажа кои се плановите кои ќе се реализираат наскоро, но и подолгорочно во наредниот мандат.
Општина Центар е една од ретките општини која се грижи и им помага и финансиски на граѓаните за реконструкција на крововите, фасадите и лифтовите. Познатата Железничка зграда е единствена на Балканот, таа е посебно архитектонско урбанистичко дело за колективно домување и е под заштита од надлежното министерство.
„Ние како општина помагаме во делот на субвенции за кровови, лифтови, но секако и за фасади. Самата зграда е заштитена, за да се прави било што треба и дозвола од Министерството за култура вклучувајќи го и киното кое што е на најгорниот спрат. Имавме неколку иницијативи да побараме финансиски средства за целосна реконструкција на киното, верувам дека ќе најдеме во иднина заеднички начин и тие простории да се возобноват, но и оваа фасада, која што е доста стара заедно со наша помош да ја реконструирате“, рече Герасимвски.
Проблемот со паркингот ќе се реши веднаш заедно со ПОЦ на жителите да им се вратат таблите за резидентно паркирање и да им се овозможат поголем број на паркинг места. Граѓаните се задоволни од подобрување на условите во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Ќе се поставува и нова урбана опрема со цел ова скопско маало да биде уште поубаво и поатрактивно за живеење.