11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Ало ДПМНЕ, 2015 година беше пред десет години, излитена ви е пропагандата за странски служби

Соопштение на СДСМ – интегрален текст:

Прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ, во режија на пратеникот Миле Лефков, се уште еден доказ за паниката и стравот што владее во власта пред лицето на вистината.

Лефков, човекот кој со месеци избегнува да се појави меѓу своите сограѓани во Кочани, кој не одвои ни денар за настраданите од трагедијата таму, а сега треба да глуми бранител на Македонија од некакви „домашни предавници“.

Да ги потсетиме дека во секоја нормална држава премиерот би дал оставка веднаш по тешките обвинувања изнесени од семејствата на трагично загинатите деца, кои сами тврдат дека Мицкоски им понудил да „си одредат цена“ за нивните деца.

И додека молчат за сопствените скандали, тие се обидуваат да дефокусираат и од најновиот режимски закон на министерот Тошковски, со кој полицијата повторно се претвора во партиска милиција на ВМРО-ДПМНЕ, за политички прогон и заштита на криминалците во власта.

Пораката е јасна: со лаги и параноја не се бега од одговорност.

Оваа излитена пропагнда е прочитана пред десет години и никој повеќе не ви верува. Параноичните приказни за странски служби не носат леб на масата на луѓето, ниту некој во нив верува.

Затоа, ние во СДСМ нема да дозволиме да ја тргнете темата од реалните проблеми и скандали кои ги продуцирате како на лента.

Реалните прашања на кои мора да одговорите:

Зошто молчите за бугарскиот пасош на Мицкоски?

Зошто ги омаловаживте семејствата на загинатите деца со пазарење за животите на нивните најмили?

Зошто ја претворате полицијата во ваша партиска милиција?

На тие прашања должите одговор, не на СДСМ, туку на сите граѓани, на сите Македонци.

Наместо да криете зад прес-конференции со Миле Лефков, соберете храброст да се соочите со вистината.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Герасимовски: Голем бесплатен концерт во сабота со Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и „2 Бона“

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +