Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

33 пожари низ Македонија – еден сѐ уште активен, a четири ставени под контрола

Според последните податоци на Центарот за управување со кризи, до утрово во земјата регистрирани се вкупно 33 пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, четири се под контрола, а 28 пожари се целосно изгаснати.

Единствениот активен пожар е во општина Василево, во селото Нивичино, каде гори нискостеблеста шума.

Пожарите што се под контрола се на следните локации: општина Велес (околу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци), општина Дојран (село Николич), општина Демир Хисар (депонија), како и општина Македонски Брод (помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа).

Пожари што се изгаснати во текот на изминатите денови имало во различни региони на земјата, вклучувајќи го Гостивар, Кочани, Неготино, Старо Нагоричане, Куманово, Кратово, Сарај, Гази Баба, Сопиште, Студеничани, Карпош, Ѓорче Петров, Петровец, Босилово, Желино, Тетово, Јегунивце, Македонска Каменица, Струга и Илинден.

Граѓаните се повикуваат на внимателност и почитување на забраната за движење во шуми, да не пали оган на отворено и да не се фрлаат догорчиња./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Пукање во Арачиново – Меѓусебна пресметка со огнено оружје меѓу неколку лица со две возила

ДЕСК

Извлечено тело на починат маж од Вардар – полицијата објави детали и идентитет на жртвата

ДЕСК

Напишал коментар на социјална мрежа, полиција му затропа на врата

ДЕСК