Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Граѓаните тонат во сиромаштија, власта нема нема стратегија за заштита на животниот стандард

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, остро ги критикуваше лошите политики на власта, нагласувајќи дека граѓаните се соочуваат со сиромаштија, лош животен стандард, ниски плати и лажни ветувања од ДПМНЕ.

„Минималната плата од 24 илјади денари не е доволна за пристоен живот на едно семејство. ВМРО-ДПМНЕ не само што ги одби предлозите за зголемување на платите, туку и ја игнорира реалноста со која се соочуваат работниците. Тие постојано одбиваат да ги поддржат мерките кои би им помогнале на најзагрозените категории“, рече Тренчевска.

Таа се осврна и на фактот дека СДСМ двапати поднесе законски предлог за зголемување на минималната плата, но истиот беше одбиен од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во време кога синдикатите и работниците повикуваат на зголемување на платите, а инфлацијата постојано расте, кога секојдневно цените во маркетите вртоглаво се зголемуваат, оваа влада демонстрира целосна незаинтересираност и социјална глувост“, рече Тренчевска.

Тренчевска посочи дека и „кошничките“ кои Владата ги најавуваше – есенска, новогодишна, пролетна – не дадоа резултати. Особено кога ваквите мерки ќе престанат, цените повторно растат. „Ова е доказ дека немаме долгорочна стратегија. Дополнително, со ребалансот на буџетот не се обезбедуваат реални решенија за граѓаните, туку се преместуваат средства без визија и без чувство за приоритетите. Владата треба да покаже вистинска грижа за граѓаните, особено за оние кои едвај врзуваат крај со крај, а не да се крие зад статистики и шминкање на реалноста. Сиромаштијата и малите плати се реалност. Неспособноста на владата е реалност“, посочи Тренчевска.

Можеби ќе ве интересира

Ахмети ќе учествува на лидерската средба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК