Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова гo прими градоначалникот на Тетово, Касами

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера гo прими градоначалникот на Тетово, Билал Касами кој ја покани на македонската вечер во рамките на годинашната културно-уметничка и спортска манифестација „Тетово прославува – Тетовско културно лето 2025“.

На средбата, Касами ги претстави неговите заложби за развој и афирмација на културната димензија и спортот заради задоволување на потребите на младите и јакнење на меѓусебната почит.

Исто така, градоначалникот ја запозна со изградбата на школските базени и ја потенцираше важноста од изградба на пречистителна станица преку ИПА фондовите, како најважна за заштита на водите.

Претседателка ја истакна важноста од решавањето на проблемите врзани за младите и за животната средина и екологијата, како на локален, така и на централен план.

За претседателката, локална самоуправа е клучна во решавањето на најважните проблеми на граѓаните врзани за локусот и за развојот на демократијата.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК