Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Тошковски живее во паралелен свет – Македонија никогаш не била понебезбедна

Сооптение на СДСМ:

Министерот Тошковски очигледно живее во паралелен свет кога вели дека Македонија денес е побезбедна од пред две години. Реалноста што граѓаните ја чувствуваат е дека за една година Македонија никогаш не била понебезбедна од сега – далеку сме од држава во која владее ред, правда и одговорност, како што сака да прикаже Тошковски.

Целосен распад се случува на безбедносниот апарат под водство на Тошковски. Ветуваше правда и безбедност, а сведоци сме дека државата наликува на јужноамериканско гето.

Секојдневно сме сведоци на насилство и убиства по улиците, пресметки на криминални групи и безредие . Нема ден а да нема убиство, тепачка, сообраќајка.

Преку 25 убиства и обиди за убиства има во една година, растот на криминалитетот е страшен. Граѓаните се плашат за својот живот ако шетаат по улица, за да не се случи пукање сред бел ден.

Само во Скопје, во последниве десетина месеци, на пешачки премини загинаа преку 11 луѓе. Еден човек загина под својот прозорец, во дворот, откако беше прегазен со мотор.

Косовската граница стана канал за бегство на криминалци, без никакви проверки.

На градоначалничката на Скопје ѝ се закануваат физички, пред очите на полицијата.

Министерот Тошковски велеше „брат да ми е ќе одговара“ – вистината е дека никој не одговара. Истрагите на полицијата потфрлаат, огромен број на нерасчистени убиства. Последното во Батинци, повторно имаме убиец во бегство.

За ваква ли безбедност и ред зборува Тошковски, кога граѓаните не се чувствуваат безбедни ниту надвор, ниту дома.

Министерот Панче Тошковски ја изгуби контролата врз безбедноста – МВР се претвори во хаотична институција, неспособна да го заштити народот. И наместо да понесе одговорност, министерот Тошковски се обидува да ги убеди граѓаните дека се безбедни.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, но само со задолжителна четири часовна претходно помината теоретска обука

ДЕСК

Јаневска: циркуларната економија нуди одговор на бројни општествени и глобални предизвици, се заложуваме за проширување на концептот преку образовните установи

ДЕСК

Одлична можност за младите, објавен е Конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија

ДЕСК