Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американци: Историска заплена на иранско оружје наменето за Хутите

Американската војска објави дека Националните сили на отпорот (NRF) на Јемен, предводени од генералот Тарек Салех, успешно пресретнале и заплениле најголема пратка иранско оружје во нивната историја.

Станува збор за повеќе од 750 тони муниција и воена опрема што биле наменети за проиранското движење Хути.

„Им честитаме на Националните сили на отпорот за ова историско запленување на напредно иранско оружје“, се вели во соопштението на Централната команда на САД (CENTCOM). Тие додадоа дека оваа акција е јасна потврда за посветеноста на НРФ кон безбедноста на Јемен, Црвеното Море и Аденскиот Залив, како и за почитувањето на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Командантот на Централната команда, генерал Мајкл Ерик Курила, ги пофали јеменските сили:

„Ги пофалуваме легитимните владини сили на Јемен за продолжувањето на пресретнувањето на иранското оружје наменето за Хутите. Оваа заплена покажува дека Иран продолжува да игра најдестабилизирачка улога во регионот. Ограничувањето на слободниот проток на иранска поддршка за Хутите е од суштинско значење за безбедноста и стабилноста на регионот и слободата на навигација“, рече генерал Курила./Извор:Makfax