8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Скај комуникација откри уште два кривично-правни настани, извршени претреси, лишено од слобода едно лице

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во склоп на истражна постапка против пет лица за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ врз основа на докази добиени преку Скај комуникацијата, денеска (16.07.2025) извршија претреси на три локации, при што од слобода е лишен Ф.К. (29) од Скопје.

Во рамки на анализа на податоците добиени од Европол и ОТФ Лимит обезбедени се докази за членови на организирана криминална група кои во текот на 2020 и почетокот на 2021 година во два наврати организирале набавка и пренесување од Холандија на шест килограми наркотична дрога кокаин, кој бил наменет за продажба на пазарот во Р.С.Македонија. Во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО ГОКК против пет лица македонски државјани, од кои дел беа опфатени и во претходна истрага и се уште се недостапни на органите на прогон и за нив се распишани меѓународни потерници.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК