27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Скандалозно – Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

Интегрален текст од соопштението на СДСМ:

Скандалозна е изјавата на министерот Панче Тошковски дека дивоградбите кои се повеќе од 150 во Чаир ќе се урвале „ако се опасни по живот“. Што сака да каже Тошковски, дека дивоградбите кои неговите институции ќе ги утврдат како неопасни по живот може слободно да продолжат да се градат?

Откако со месеци не постапуваше при чист и очигледен криминал и молчеше, сега конечно Тошковски најде начин како да го одбрани нелегалниот бизнис на неговите коалициски партнери па ги подели дивоградбите на опасни и неопасни.

Вакво релативизирање и одбрана на криминалот може да се нарече слободно историски како што милува неговиот шеф Мицкоски.

Со оваа изјава, Тошковски всушност призна дека законот не важи подеднакво за сите. Наместо да покаже дека државата има ред и закон, тој сега конечно најде изговор за да ги спаси тие што му се политички блиски.

Дивоградбите се симбол на беззаконие, на корупција и на договори под маса. Со вакви ставови, Тошковски испраќа порака дека криминалците може мирно да спијат. Тој е тука да најде начин како да ги заштити. Тоа е навредливо за сите чесни граѓани кои плаќаат даноци и чекаат дозволи за градба.

Можеби ќе ве интересира

Растот на платите го надминува растот на цените – економијата се движи во позитивна насока, тврди министерката Кочоска

ДЕСК

Кочоска: Македонија е единствена земја која не е членка на Европската унија, a потпиша Меморандум за соработка за развој на пазарите на капитал заедно со уште седум земји членки на ЕУ

ДЕСК

Седница на ИО на СДСМ: Нови 11 кандидати за градоначалници

ДЕСК