Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лишен од слобода возач од Гевгелија, управувал возило со 99 км на час на место каде е довзолено 40 км на час

На 15.07.2025 во 07.57 часот кај село Брајковци, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово привеле лице (21) од Гевгелија.

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека шоферот управувал патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 99 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 40 километри на час.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК