7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Власта ја претвори Македонија во Бејрут – убиства, закани и страв владеат на улиците

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вчерашното гостување на Канал 5 зборуваше за порастот на криминалот, небезбедноста во државата и заканувачкиот начин на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

„Гледајте ја безбедноста, што се случува со безбедноста. Министерот за внатрешни работи викаше ‘брат да ми е ќе одговара’, се гине на улиците како во Бејрут и никој не одговара. Колку сообраќајки, колку убиства, колку нерасчистени работи,“ рече Филипче, осврнувајќи се на сериозната деградација на јавната безбедност.

Тој потсети и на заканите кон Градоначалничката на Скопје. „Гледајте какви криминали открива Градоначалничката на Скопје, физички ѝ се закануваат. Кај го има ова? Каде живееме ние?“, праша Филипче.

Според него, пораката која ја испраќа сегашната власт е опасна и заканувачка. „Која е пораката која ја пушта власта? Или сте со нас и сте безбедни, или сте против нас и вие сте непријатели. Тоа е пораката која ќе се пушта,“ истакна тој.

Филипче остро реагираше и на насилството пред очите на полицијата врз градоначалничката на главниот град. „Како може некој физички да се пресметува пред очи на полиција со институцијата Градоначалник на Скопје? Какво и мислење да имам јас за нејзе и за нејзината работа, тоа е целосно нерелевантно во овој контекст,“ рече тој.

Тој посочи и на скандалозната легализација на дивоградби од малолетници. „150 дивоградби се легализирани од малолетни деца, со десетици станови. И никој не реагира. И каде се реакциите за тоа? Лоша е пораката дека или си со нас и си безбеден, или не си со нас и ти си непријател,“ заклучи Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК

Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат

ДЕСК