Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

SupportKocani ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Скопје, 15 јули 2025 – Иницијативата SupportKocani успешно ја реализираше донацијата наменета за повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во Кабаре клуб „Пулс“ во Кочани со Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје.

Донацијата е формализирана со потпишување на договор за донација, а вклучува 100 комплети T-LAB PRP KIT, 10 комплети EXOMINE SMART KIT, 4 пакувања аминокиселини и 4 пакувања протеини. Вкупната вредност на донацијата изнесува 286.120 денари, и е целосно обезбедена преку донации од хумани граѓани и компании, кои континуирано ја поддржуваат иницијативата SupportKocani.

Донираните материјални добра се наменети за третман и регенерација на кожата, забрзување на зараснување на рани и подобрување на опоравувањето кај пациентите со тешки повреди од изгореници. Нутритивната поддршка претставува дополнителна помош за јакнење на организмот во процесот на рехабилитација.

Медицинската опрема и суплементи се веќе доставени на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје, каде активно се користат во третманот на повредените.

Во рамки на посетата, тимот на SupportKocani ги посети и пациентите кои сè уште се хоспитализирани на Клиниката и лично им изрази поддршка и желби за побрзо закрепнување.

„Продолжуваме со фокусирана, директна и одговорна поддршка за секој поединец кој е засегнат од трагедијата. Оваа соработка со една од клучните здравствени установи во државата претставува важен чекор во обезбедувањето на стручна медицинска нега. Искрено им благодариме на сите хумани граѓани, компании и поддржувачи – токму тие ја направија оваа помош возможна,“ – истакнуваат од SupportKocani.

Иницијативата останува посветена на транспарентност, партнерство со институциите и долгорочна грижа за сите погодени лица.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски најави две нови странски инвестиции во вкупна вредност од 80 милиони евра

ДЕСК

Тешко повреден битолчанец додека извршувал работни задачи, итно е пренесен во болница

ДЕСК

Мицкоски: Поддржуваме раст на домашните компании, „Алкалоид“ е одлична приказна

ДЕСК