Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Лукароска: Со ВМРО-ДПМНЕ Прилеп не е безбеден град – граѓаните не се чувствуваат сигурно ниту дома, ниту надвор

Интегрален текст од денешната прес-конференција на Петра Лукароска, претседателка на ОО СДСМ – Прилеп:

Почитувани граѓани,

Со ВМРО-ДПМНЕ Прилеп стана небезбеден град, прилепчани не се безбедни во своите маала, улици, дворови.

Целата јавност е потресена од трагедијата што викендов се случи во Прилеп. Случај што го открива дното до кое е доведена безбедносната состојба во градот.

Овој монструозен чин ја потврдува суровата реалност: Прилеп е во сериозна безбедносна криза!

Граѓаните живеат во страв, а државата, институциите и полицијата во Прилеп се парализирани, неспособни и неми.

Последниот случај е само кулминација на безредието што подолго време владее во Прилеп, под „раководство“ на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски.

Во последната година во Прилеп се запалени 24 возила!

Опожарен е ноќен клуб.

Во дворови на куќи се фрлаат бомби и се поставуваат експлозивни направи.

Угостителските објекти се претворија во бојно поле – места на насилства, тепачки и оружени пресметки.

Во Центарот за социјална работа во Прилеп се случи инцидент со пукање, каде службеничка се здоби со прострелна рана.

Ова не е нормално.

Министерот Панче Тошковски и раководството на полицијата во Прилеп не само што не ги спречуваат овие инциденти, туку со својата незаинтересираност и неспособност ги охрабруваат.

Под нивно водство, МВР е паднато на колена, институциите се потчинети на партиски интереси, а граѓаните оставени сами на себе.

Уште колку жртви треба да паднат за некој да понесе одговорност?

СДСМ бара оставка од министерот Панче Тошковски и итна одговорност од раководството на СВР Прилеп!

Бараме началникот и командирот веднаш да бидат разрешени.

Доста е. Прилепчани не заслужуваат вака да живеат.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии работи интензивно на системски пристап во финансиските истраги- Криминалот повеќе нема да биде исплатлив

ДЕСК