13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ЕУ: Царината од 30 проценти ја оневозможува трговијата, ние сакаме договор

Царината од 30 проценти практично ја оневозможува трговијата меѓу ЕУ и САД, а Европската комисија е убедена дека договореното решение е најдобро за двете страни на Атлантикот, изјави денес европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ.

„Да бидеме искрени, идејата за царина од 30 проценти всушност ја оневозможува трговијата. Остануваме убедени дека нашите трансатлантски односи заслужуваат договорено решение, кое ќе ги постави темелите за стабилност и обновена соработка“, рече Шефчовиќ пред почетокот на состанокот на министрите за трговија на ЕУ. Данското претседателство свика вонреден министерски состанок за да се фокусира на објавувањето на американските царини од 30 проценти за увоз од Европската Унија.

Шефчовиќ рече дека Комисијата ќе продолжи со напорите за постигнување договор со Соединетите Американски Држави, додека ќе подготвува можни контрамерки доколку разговорите не успеат.

„Не можам да замислам да се откажам без да вложам вистински напор. Сегашната неизвесност предизвикана од неоправданите царини не може да трае бесконечно и затоа мора да се подготвиме за сите исходи, вклучително и, доколку е потребно, добро осмислени и пропорционални контрамерки за враќање на рамнотежата во нашите трансатлантски односи“, рече Шефчовиќ.

Комесарот изрази жалење поради новата закана со царини во време кога двете страни изгледаа блиску до договорено решение. „Со жалење и разочарување го зедовме предвид писмото од претседателот на Соединетите Американски Држави до Европската Унија, особено со оглед на напредната фаза во тековните преговори“, рече комесарот.

Соединетите Американски Држави и Европската Унија се најголемите трговски партнери во светот, со обем на трговија од 1,45 трилиони евра. „Затоа покажуваме огромно трпение и креативност за да најдеме решенија. Но, ако царините од 30 проценти и повеќе останат, трговијата каква што ја знаеме нема да продолжи, што ќе има огромни негативни последици од двете страни на Атлантикот“, рече Шефчовиќ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МФ: Од денеска исплатите од Буџетот транспарентно ќе се објвавуваат во посебна база за буџетски трошоци во изборен период

ДЕСК

Ранливите потрошувачи добиваат поддршка: како да аплицирате за клима-уред и помош за струја

C +

„Аплицирајте за клима уред или субвенција за струја: еве кој има право и кои документи се потребни“

ДЕСК