Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Биткоинот првпат над 120.000 долари; Трамп: Јас сум крипто-претседател

Биткоинот за прв пат надмина вредност од 120.000 долари, што претставува голема пресвртница за најголемата криптовалута во светот, бидејќи инвеститорите сметаат на долгоочекуваните промени во политиката во корист на индустријата што се очекуваат оваа недела.

Почнувајќи од денес, Претставничкиот дом на САД ќе дебатира за серија закони што треба да ѝ обезбедат на дигиталната индустрија регулаторна рамка што долго време ја бара.

Овие барања беа поздравени од американскиот претседател Доналд Трамп, кој се нарече себеси „крипто претседател“ и ги повика законодавците да ги променат регулативите во корист на индустријата.

Брзото зголемување, кое доведе до пораст на биткоинот за 29 проценти од почетокот на годината, поттикна пошироки добивки кај другите криптовалути во последните недели, и покрај хаотичните трговски тарифи на Трамп.

Етерот, втората најголема криптовалута по пазарна капитализација, денес го достигна своето највисоко ниво за повеќе од пет месеци на 3.048,23 долари.

Вкупната пазарна вредност на секторот се искачи на околу 3,78 билиони долари, според CoinMarketCap./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 7 %, извоз од 160,4 милиони евра и инвестиции од 15 милиони евра во периодот јануари – септември 2025 г.

ДЕСК

Одржана седница на Советот на Народната банка: Стабилноста на банкарскиот систем и натаму јакне

ДЕСК

Уште една банка ќе ги исплати пензиите предвреме – парите ќе бидат достапни уште во петок

ДЕСК