Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Данела Арсовска утрово со жестока порака до власта – објави и фотографија

По вчерашните настани поврзани со нападот врз градоначалнилката и вработените од град Скопје, МВР доказниот материјал прибавен службено кој наместо да го достават до Јавното обвинителство го лиферуваа по медиуми. Доказниот материјал кој единствено е во посед на МВР го сечеле, лепеле и монтирале со цел да прикажат дека градоначалничката на град Скопје нападнала и тепала командант на ОВК, а го објави по најава на министерот Тошковски, пратеничка на ВЛЕН во Собранието на Република Македонија, соопштија од Град Скопје.

Фактот дека доказите од настанот се лиферувани во јавност од единицата ЕУМНА при МВР, кои единствени ги имале во постапката добиено како доказ од градоначалничката укажува дека МВР е претворено во партиски штаб на ВЛЕН и ВМРО, за што ќе бидат поднесени и соодветни пријави.

Утрово градоначалничката Арсовска со своја објава се обрати на социјалните мрежи:

Вчера заседавале во штаб на состанок за справување со кризата “шефе ми текна, а да кажеме таа го тепала командантот на ОВК”.
Смислиле ново сценарио, кога ќе имало пожари, да кажеле дека јас сум виновна ги организирам за да ја дестабилизирам државата. И со цел памет ова по пораки го пишувале по амбасадори да го најавеле планов кој го добиле од “сигурни” разузнавачки извори.
Срам имате ли, заедно со вашите сакани команданти од ОВК?

Целиот статус и фотографијата може да ги погледнете тука.

фото скриншот/ Данела Арсовска