27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
photo created by AI
СВЕТ

Средновечен пар во Германија киднапирал 19-годишна девојка, ја чувал во дрвена кутија

Во Фогелсберг, Германија, полицајците пронашле 19-годишна девојка која претходно била пријавена за исчезната, објавува Феникс.

Девојката била заклучена во дрвена кутија, изјавиле од канцеларијата на државниот обвинител за MDR. Маж (43) и жена (56) се испитуваат под сомнение за киднапирање. Младата жена била пријавена за исчезната во текот на викендот. Бидејќи е зависна од редовни лекови, полицијата веднаш започнала интензивна потрага.

Трагата водеше до зграда во Фогелсберг. Сопственикот на зградата рече дека не знае ништо за исчезнатата девојка, но ѝ дозволи на полицијата да изврши пребарување. Додека го пребарувале имотот, полицијата слушнала вресоци што доаѓале од шталата. Таму, ја пронашле девојката заклучена во дрвена кутија.

Според полицијата, таа не би можела да се ослободи. Итно била префрлена во болница. Сè уште не е познато дали жртвата и осомничените се познаваат, ниту кој би можел да биде мотивот за киднапирањето. Судот издаде налог за притвор против осомничените, а истрагата е во тек./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Русија сака да се повлече од конвенцијата за забрана на тортура

C +

Трамп најавува преименување на Пентагон: „Веројатно, за една недела“

C +

Стаб: Се надевам дека кај Трамп набргу ќе го снема трпението за Путин

C +