Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ “распали”: Институциите ја губат контролата со пожарите, импровизациите на власта удираат по здравјето на граѓаните

Соопштение на СДСМ:

Хаосот и слабата организација со која институциите ја дочекаа сезоната на пожарите ја прават Македонија небезбедна за граѓаните и нивниот имот. Истовремено има десетици пожари на кои се дејствува доцна и со недоволни ресурси, граѓаните сами се снаоѓаат и се борат со огнот на многу места низ земјата. Последните пожари во близина на Скопје се реална закана по здравјето и безбедноста на граѓаните — гори на Скопска Црна Гора, во Визбегово е запалена опасна депонија од која се шири густ црн чад и го загрозува населението во целиот скопски регион.

ВМРО-ДПМНЕ ветуваше добра организација и нови ресурси, откако лани им изгореа над 10% од територијата на Македонија, но од тоа нема ништо. Ниту се набавени нови возила, ниту се обезбедени нови пожарникари, се доцни со огласот за волонтери на кои им се понудени срамни 24.000 денари, се пренаменуваат армиски возила кои не можат да одат по непристапни терени и се речиси неупотребливи.

Неспособноста на власта удира по здравјето на граѓаните и ја уништува природата. Како што ВМРО-ДПМНЕ управува хаотично со сите сектори, истата неспособност и импровизација сега ја гледаме и во справувањето со пожарите. За една година власт на ВМРО-ДПМНЕ изгоре повеќе територија отколку за сите седум години власт на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК