Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Апсења во близина на Гевгелија

На 08.07.2025 околу 17.40 часот во близина на локалниот пат помеѓу с.Богородица и с.Стојаково од страна на полициски службеници од ПСГН Богородица биле пронајдени 13 лица мигранти (11 од Египет и 2 од Сирија), а околу 18.30 часот во близина на фабрика во с.Стојаково биле пронајдени 11 мигранти од Египет, кои претходно биле превезени со патничко возило „мерцедес“.

Мигрантите се спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија и со нив бил извршен службен разговор, во кој изјавиле дека групата ја водел А.А.(26), а му помагал И.К.(22), двајцата од Сирија.

Околу 20.00 часот двајцата осомничени биле лишени од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.418-б од Кривичниот законик и се задржани за понатамошна постапка. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и против лицата ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

C +

Филипче: Протерување на младите умови, предлог-Законот ги деградира младите кадри

C +

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

C +