Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопскиот регион со најмногу интервенции, пожарите сѐ уште активни на седум локации

Во изминатите 24 часа, низ државата се евидентирани вкупно 32 пожари на отворен простор, информираат од Центарот за управување со кризи. Според нивните податоци, седум пожари се сѐ уште активни, еден е локализиран, еден под контрола, а 23 се веќе изгаснати.

Најсериозни пожари се пријавени во општините Прилеп (с. Бешиште), Македонски Брод (меѓу с. Црешнево и Слатин), Чашка (во близина на Солунска глава), Чучер Сандево (меѓу с. Блаце и Чучер), Шуто Оризари (депонија кај хотел Њу Стар), Дојран (с. Николич) и Крива Паланка (с. Жидилово). Гори претежно нискостеблеста и мешана шума, а пожари има и на депонии и карпести терени.

Пожарот во градската депонија во Делчево е ставен локализиран, додека пожарот во с. Самаково, Македонски Брод, каде што горел лесно запалив материјал, е ставен под контрола.

На 23 локации низ земјава пожарите се изгаснати. Најмногу интервенции имало во Скопскиот регион – Сарај, Петровец, Аеродром, Ѓорче Петров, Чучер Сандево и Центар. Изгаснати се пожари и во Велес, Куманово, Старо Нагоричане, Кратово, Штип, Долнени, Боговиње, Брвеница, Желино, Врапчиште, Битола, Свети Николе и Прилеп. Гореле ниски вегетации, стрништа, лозја, депонии, како и мешани шуми.

Надлежните апелираат до граѓаните да не палат оган на отворен простор, особено во периоди на високи температури и зголемен ризик од пожари./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Отежнато гасењето на пожарот во беровско – Вечерва координативниот состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Берово

ДЕСК

КОНЕЧНО ЌЕ ЗДИВНЕМЕ ОД ПЕКОЛНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ, ДОАЃА ПОВЕЌЕДНЕВНО ЗАЛАДУВАЊЕ СО ОСВЕЖУВАЊЕ ОД ДОЖД – Метеоцентар со неколкудневна детална прогноза

ДЕСК

НИ ВЕЧЕРВА НЕ СТИВНУВААТ ПОЖАРИТЕ, ГОРИ НА 15 ЛОКАЦИИ – 11 се активни пожари, 4 се под контрола

ДЕСК