Centar.mk
photo created by AI
МАКЕДОНИЈА

Малолетник не застанал на дадена полициска наредба, па удрил во полициски мотор и возило, а потоа побегнал

На 08.07.2025 во 00.30 часот, во СВР Велес, извршен е службен разговор со малолетник од село Горно Оризари, велешко, во присуство на родител и социјален работник од Центар за социјални работи Велес.

Имено, во село Горно Оризари, додека управувал мотоцикл без регистарски ознаки, не запрел на даден знак од полициски службеници кои извршувале службени задачи и удрил во еден од нив, а потоа и во паркирано патничко возило „шкода“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, по што се дал во бегство. По преземени мерки, малолетникот е пронајден, известен е јавен обвинител, а мотоциклот е одземен.

По документирање на настанот, против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ КОН СЛУЖБЕНИ ЛИЦА ВО ДЕБАР – Кривична пријава против 52-годишник кој пресретнал службено возило

ДЕСК

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 21-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ – Се сомничи дека овозможил користење марихуана во Охрид

ДЕСК

ВЛЕГЛЕ ВО НЕЈЗИНИОТ ДОМ, 84-ГОДИШНА СКОПЈАНКА ОГРАБЕНА – Две лица со сила ѝ одзеле пари и накит

ДЕСК