Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-ЛОКАЛНО

Герасимовски од Буњаковец:Се грижиме за најмладите, децата од прво до трето одделение во летниот период ги згрижуваме во градинките

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски оствари средби со жители на познатото центарско маало, Буњаковец во рамки на проектот „Се гледаме во маало“.Жителите се задоволни од грижата за образовниот процес а се гордеат со ООУ ,,Киро Глигоров” едно од најсовремените во нашата држава.

Пред година дена е завршено проширувањето на градбата и капацитетите на училниците на OOУ,,Коле Неделковски”, a следна инвестиција е во „Јохан Хајнрих Песталоци”.
Родителите се интересираа за згрижување на децата за време на летните месеци.

„Во делот на летното згрижување им излегуваме во пресрет на родителите кои што не можат да отсуствуваат од работа за да ги чуваат своите деца. Дечињата од прво до трето одделение кои што се до 10 годишна возраст ги згрижуваме во нашите градинки, а планираме да ги згрижуваме учениците и до четврто одделение.Недостасува наставен кадар, но верувам дека ќе добиеме согласност и од Министерството за образование за да ги задоволиме и овие потреби на родителите но и на децата“, вели Герасимовси.

Буњаковец е урбана и модерна средина, она што е проблем е бетонизацијата, но и покрај новите градби се инвестира во зеленилото.Се разгледува можноста, вети градоначалникот за изградба на нов спортски терен и за решавање на проблемот со движење на пешаците и велосипедистите.
Општина Центар работи на зголемуваме на капацитетите за паркирање а се планираат нови паркинзи до Песталоци, подземно надземна гаража со што ќе се ослободат тротоарите за пешаци и велосипедисти.

Проблем е и сместување на најмладите во градинките.

„Правиме се од себе и инвестираме многу, реконструирани се сите клонови и градинки низ општината и слободно можам да кажам дека имаме најдобри услови вклучувајќи го и персоналот и кадарот кој што се грижи за децата“, вели Герасимовски.