Centar.mk
photo created by AI
РЕГИОН

Дел од натстрешник се урна во центарот на Белград

Во центарот на Белград, пред продавница за парфеми, се урна таванот на натстрешник, пишува „Н1 Србија“.

Ова, најверојатно, се случило во текот на ноќта, а жената што работи во продавницата за парфеми изјавила за „Н1“ дека сè било во ред во текот на денот.

Властите поставија црвена лента на која пишува „внимание, опасност“, така што на граѓаните сега им е забрането да минуваат во тој дел од улицата.

Делови од таванот се наоѓаат и на самото шеталиште, а дел од него сè уште виси./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Србија почнува со реконструкција на уште 32 километри од железничката пруга кон Бугарија

ДЕСК

Вучиќ: Банда криминалци упадна во хотел, полицијата и обвинителството не реагираат

ДЕСК

Вулин се огласи од Москва: Не побегнав, не можам да живеам без моите синови и Србија

ДЕСК