Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ЧУВАЈТЕ СЕ, СЛЕДУВА ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК: Утре температури од над 40°C, а од среда драстичен пад – Метеоцентар со детална прогноза

Денес и утре ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40°C. Утре ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h), а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност.

Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) во среда, а особено во четврток ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 до 10 степени). Во среда претежно во северните делови ќе има услови за повремен дожд, а во петок локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 09.07.2025
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 29°C до 38°C

Сончево и топло со мала до умерена облачноста. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северен правец (над 60 km/h). Претежно во северните делови ќе има услови за повремен локален дожд.

Прогноза за 10.07.2025
Минимална температура: 8°C до 18°C
Максимална температура: 23°C до 32°C

Сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Прогноза за 11.07.2025
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 25°C до 34°C

Сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +