Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ:Трипуновски заборавил дека цената пченицата во време на жетва беше и 17 денари за килограм

Соопштение на СДСМ – интегрален текст:

ВМРО ДПМНЕ и Цветан Трипуновски повторно ги манипулираат и ги лажат луѓето кои го хранат народот, само за да ја сокријат својата неспособност.

Последната лага на Трипуновски е дека за оваа година е постигната историски највисока откупна цена пченица од 12 денари по килограм. Трипуновски свесно лаже 25.000 земјоделци кои произведуваат пченица на 70.000 хектари со вкупно производство на пченица од околу 200.000 тони.

Очигледно е дека Трипуновски заборавил дека пченицата во време на жетва се продавала и по 17 денари за килограм – и тоа не така одамна

Додека се обидува да прикаже дека и во земјоделството се е розово, на терен реалноста е понижувачка за земјоделците. По 12 денари по килограм ќе биде откупен само еден мал дел или околу 20%, а другото од околу 80% ќе биде откупено по цена од 10 денари.

Трипуновски треба да знае дека земјоделството не се менаџира од канцеларија. Не знае како е кога ќе се однесе пченицата кај млиновите – тогаш следи намалување на цената со укажување дека нема добар квалитет, следуваат одбитоци и на крај се формира цената, а таа нема да е поголема од 10 денари.

Ваквиот однос е насочен токму кон единствената стратешка земјоделска култура – пченицата, која е јасно дефинирана како таква во Законот за земјоделство и рурален развој. Поради тоа, разочарувањето на земјоделците од земјоделската политика што ја води ВМРО-ДПМНЕ станува сѐ поголемо.

Оваа влада за една година ги понижи и осиромаши земјоделците- ги намалија субвенциите, укинуваат програми за важни земјоделски гранки, ги укинуваат добровоспоставените мерки од СДСМ кои им се потребни на земјоделците.

СДСМ секогаш ќе биде на страната на земјоделците.Затоа и преку ребалансот на Буџетот поднесовме амандмани и бараме да оваа година дополнително да се интервенира по 5 денари за килограм на предадена пченица кај откупувачите.