Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, во вечерашното интервју во „Тема на денот“ на Сител телевизија, истакна дека историски најлошиот и најслабиот извештај од ЕУ за Македонија е потврда за застојот на земјата за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ и тоа на секое поле.
„Велат дека Македонија е погодена од странско мешање, хибридни закани, дезинформациски кампањи, сомнителни финансиски текови, тоа е задолжувањето од Унгарија од минатата година, но извештајот наведува и ризик од финансиска зависност од Кина. ДПМНЕ ја става Македонија во една навистина незавидна позиција во однос на одредени други држави и ја изолира на дипломатско ниво. Тоа е особено загрижувачки, ама јас би рекла и недозволиво. Мицкоски и ДПМНЕ како целосно да го имаат напуштено патот кон Европската унија, како целосно да ни ја вадат државата од тој европски колосек“, истакна Костова.
Таа нагласи дека закочената европска агенда од страна на власта ја загрозува иднината на државата, што се гледа и од неисполнувањето на реформаската агенда.
„Рокот за исполнување на реформската агенда, 30 јуни, е пробиен и тоа во моментов ја чини Македонија 43 милиони евра од планот за раст, наменети токму за реформите коишто нам ни се толку потребни во сите сектори во сите области“, рече Костова.
При тоа, Костова истакна нема потреба да се земаат огромни суми скапи кредити без надзор и контрола, како што прави актуеланата власт, во услови кога може да се користат европските фондови, но за истите, се разбира има надзор и контрола.