Centar.mk
РЕГИОН

Хорор во Хрватска: Тело на жена пронајдено во семејна куќа во Меѓумурје, а сопругот повреден

Жена почина од повредите, а маж е тешко повреден во семеен дом во хрватскиот град Плешковац, соопшти Полициската управа на Меѓумурје.

Според достапните информации, жртвите се брачен пар, а нивниот син исто така завршил во болница со повреди.

Полицијата утрово во 05:25 часот добила пријава дека две лица со видливи тешки повреди се пронајдени во семеен дом во Плешковац, јавува новинската агенција Хина.

49-годишната жена која беше пронајдена им подлегнала на повредите на местото на злосторството, додека 59-годишниот маж со тешки, опасни по живот повреди е пренесен во болницата во Чаковец.

Поради сомневања дека станува збор за насилна смрт, заменик-окружниот државен обвинител излегол на местото на злосторството, соопшти хрватската полиција.

Можеби ќе ве интересира

Убиен е 19-годишен доставувач на храна во Хрватска

C +

Црногорка од крузерот со хантавирус, префрлена во карантин

C +

Пукање во кафуле во Хрватска: го убил шефот на крим полицијата, па се застрелал себеси

C +