Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Објавено видео од тоа како изгледа експресниот пат Градско – Прилеп

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео за изградбата на експресниот пат Градско- Прилеп и неговите придобивки.

” Го изградивме експресниот пат Градско – Дреново – Фариш (Прилеп)

Ветивме пред граѓаните на Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Могила, Новаци, Кривогаштани и цел Тиквешки регион дека ќе изградиме модерно и безбедно патно решение и овој експресен пат е одговор на тоа што го ветувавме.

Го завршивме патот од Дреново до Фариш кој е дел од патот Градско – Прилеп. Во должина од 25 километри овој пат значително ја подобрува безбедноста и го намалува времето на патување од Скопје до Прилеп и Битола.

Продолжуваме да ја градиме Македонија 🇲🇰 ” напиша вицепремиерот Николоски

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК